Контра Фаул предлози за обложување (15.03.2026)

Аналитички предлози за обложување на Контра Фаул за 15.03.2026. Типови базирани на форма, структура на играта и вредност во коефициентите.

Натпревар Тип Коефициент Ризик
Комо – Рома 1Х&2+ 1.80 Среден
Рен – Лил 1Х&2+ 1.74 Среден
Манчестер Јунајтед – Астон Вила ГГ 1.70 Среден
Генчлербирлиги – Бешикташ 2 1.65 Среден

Тип: 1Х&2+ | Коефициент: 1.80 | Ниво на ризик: Среден

Комо игра извонредна сезона и во моментов се наоѓа во сериозна борба за европските позиции. Се на петтото место со два бода помалку од Јувентус и натпревар помалку, а воедно се и во серија од пет меча без пораз во сите натпреварувања. Дополнителен плус за домаќините е што располагаат со речиси комплетен состав и без значајни проблеми со повреди или суспензии.
Рома, иако бодовно е израмнета со Комо, влегува во овој дуел со нешто поинакво расположение. Формата не е на посакуваното ниво, со само една победа во последните пет натпревари, а гостинските настапи во последниот период им создаваат дополнителни проблеми. Повредите во офанзивната линија исто така го ограничуваат изборот на тренерот и ја намалуваат стабилноста на тимот во напад.


Тип: 1Х&2+ | Коефициент: 1.74 | Ниво на ризик: Среден

Рен влегува во овој натпревар во одличен момент. Со четири победи по ред и гол-разлика 11:1 во тие натпревари, тимот покажува високо ниво на самодоверба и стабилност во сите линии. Со комплетен состав и силен ритам на резултати, домаќините имаат реална амбиција да се приклучат во борбата за самиот врв на табелата.
Лил, пак, има солидна серија без пораз во лигата, но формата не е толку убедлива како кај нивниот противник. Во последните неколку кола забележаа неколку нерешени резултати и тесни победи, а дополнителен фактор може да биде и европскиот натпревар против Астон Вила одигран пред само неколку дена. Натпреварот доаѓа во момент кога и двете екипи се обидуваат да го задржат приклучокот со водечките позиции.


Тип: ГГ | Коефициент: 1.70 | Ниво на ризик: Среден

Манчестер Јунајтед и Астон Вила се меѓу екипите кои до самиот крај ќе се борат за позициите што водат во Лигата на шампионите. Токму затоа секој меѓусебен дуел во овој период од сезоната носи голема резултатска тежина и може значително да влијае на распоредот на табелата.
Двата тима играат офанзивен фудбал и во последниот период редовно доаѓаат до погодоци. Јунајтед дома создава многу шанси, додека Вила под водство на Емери игра директно и агресивно во транзиција. Контекстот на табелата и стилот на игра на двата тима навестуваат динамичен натпревар со многу ситуации пред двата гола.


Тип: 2 | Коефициент: 1.65 | Ниво на ризик: Среден

Бешикташ влегува во овој натпревар по поразот во дербито со Галатасарај, но пред тоа имаше импресивна серија без пораз. Особено стабилно изгледаат на гостински терен, каде што последниот пораз го забележаа пред повеќе од шест месеци.
Тимот располага со речиси комплетен состав и јасна амбиција да остане во трката за европските позиции. Генчлербирлиги се наоѓа на релативно солидна позиција, но сезоната за нив е далеку од завршена и ќе мора да собираат бодови за да избегнат притисок од зоната за испаѓање. Интересен детал е што токму тие славеа во првиот меѓусебен дуел оваа сезона, што особено за гостинската екипа, дополнително го зголемува значењето на реваншот.