Фудбалска анализа со уреднички став. Структура. Контекст. Аргумент.

Мени
Почетна Анализи Ретро FPL Обложување За Контра Фаул Контакт

FPL Контра Фаул – GW2

Премиер лигата продолжува да носи нови изненадувања, промени во формата и различни херои од коло во коло. Секој натпревар отвора нови дилеми и можности за подобрување на FPL тимот. Во нашиот неделен преглед ги издвојуваме играчите што заслужуваат внимание и најдобрите потези пред следниот рок за промени.

FPL Контра Фаул — Преглед по категории (GW2)

Категорија Играч Тим Цена Форма Клучна логика
Купи Кристос Цолис Арсенал £6.5m 6.0 Прва опција на неговата позиција
Задржи Брајан Мбеумо Манчестер Јунајтед £8.0m 2.0 Офанзивни карактеристики + добар распоред
Продај Морган Гибс-Вајт Нотингем Форест £8.0m 2.0 Можна повреда + тежок распоред
Избегни Максим Де Кујпер Брајтон £4.6m 17.0 Тежок противник

Кристос Цолис уште од пристигнувањето во Арсенал покажува дека може да биде еден од клучните играчи во тимот на Микел Артета. Добрите изданија на пријателските натпревари ги потврди и во првото коло против Ковентри, оставајќи впечаток дека брзо се вклопува во новата средина.
Со сè поизвесното заминување на Мартинели, Гркот би требало да стане прва опција на левата крилна позиција. Редовната минутажа и неговата улога во нападот го прават исклучително интересен FPL избор за оваа цена.
Цолис има форма од 6 поени, а неговата цена изнесува 6.5 милиони.


По шокантниот пораз од Хал во првото коло, Манчестер Јунајтед повторно има противник кој барем на хартија делува поволно. Натпреварот против Ипсвич е меч што задолжително мора да се добие, а Мбеумо треба да биде еден од играчите што ќе го предводат обидот за реакција.
И покрај лошото колективно издание на Јунајтед, Камерунецот беше можеби единствената светла точка против Хал. Поради неговата офанзивна улога и подобриот распоред, нема причина за избрзана продажба по само едно коло.
Мбеумо има форма од 2 поени, а неговата цена изнесува 8 милиони.


Нотингем Форест одигра слаб натпревар против Лидс во првото коло, без конкретен придонес од својот најдобар играч. Иако Гибс-Вајт е најавен во составот за претстојниот викенд, благата повреда може да влијае врз неговата минутажа и целокупниот учинок.
Дополнителен проблем претставува и распоредот на Форест. Натпреварите против Ливерпул, Тотенхем и Астон Вила значително го намалуваат неговиот краткорочен FPL потенцијал, особено кога за истата цена можат да се најдат играчи со поповолни противници.
Гибс-Вајт има форма од 2 поени, а неговата цена изнесува 8 милиони.


Максим Де Кујпер имаше натпревар од соништата во првото коло против Астон Вила и освои импресивни 17 поени. Сепак, не треба да се брка учинокот од претходното коло без да се земе предвид следниот противник.
Гостувањето кај Челзи претставува еден од најтешките предизвици за тимот на Хирцелер. Со оглед на офанзивниот фудбал на екипата предводена од Алонсо, тешко е да се очекува Брајтон да ја зачува мрежата, а со тоа значително се намалуваат шансите Де Кујпер повторно да донесе висока бројка на поени.
Де Кујпер има форма од 17 поени, а неговата цена изнесува 4.6 милиони.


По разочарувачкиот почеток на сезоната, Бруно Фернандеш ќе сака уште во второто коло да покаже зошто е клучниот играч во амбициите на Манчестер Јунајтед. Домашниот терен, поволниот противник и императивот за победа се силни аргументи капитенската лента да му се довери токму нему.

Речиси сите аргументи што одат во прилог на Бруно важат и за Мбеумо. Камерунецот има изразено офанзивна улога, голем дел од нападите се развиваат по неговата страна, а неговото постојано влегување во опасните зони му носи добар потенцијал за FPL поени.

Изразот „ризична опција“ можеби звучи несоодветно кога станува збор за Ерлинг Халанд, но во споредба со двата играчи на Јунајтед, Норвежанецот е нашиот трет избор за капитенската лента во ова коло. Се чини дека Манчестер Сити ќе зависи уште повеќе од неговиот голгетерски придонес оваа сезона, а Кристал Палас традиционално му одговара како противник.