Фудбалска анализа со уреднички став. Структура. Контекст. Аргумент.

Мени
Почетна Анализи Ретро FPL Обложување За Контра Фаул Контакт

FPL Контра Фаул – GW4

Новото FPL коло носи неколку интересни дилеми, особено кога станува збор за играчите кои во првите натпревари покажаа добра форма, но и оние од кои сè уште не го добивме очекуваното. Распоредот полека станува сè поважен фактор при изборот на трансфери, а неколку добри партии не секогаш значат дека одреден играч веднаш треба да се донесе во тимот.

FPL Контра Фаул — Преглед по категории (GW4)

Категорија Играч Тим Цена Форма Клучна логика
Купи Кол Палмер Челзи £9.7m 7.0 Одлична форма
Задржи Антонин Кински Тотенхем £4.5m 3.0 Очекување за дефанзивна стабилност
Продај Лук Шо Манчестер Јунајтед £4.4m 2.3 Неубедлив старт на сезоната
Избегни Алекс Скот Бурнмаут £6.1m 8.0 Тежок распоред

Палмер игра во фантастична форма на почетокот од сезоната, а неговата улога во тимот на Челзи е исклучително важна. Одлично функционира со Роџерс и Педро во офанзивниот дел од теренот, а бројот на постигнати голови и создадени шанси најдобро го покажува потенцијалот на оваа тројка. Распоредот на Челзи во следниот период е дополнителен аргумент зошто треба сериозно да се размислува за англискиот интернационалец како засилување во FPL тимот.
Палмер има форма од 7 поени и неговата цена изнесува 9.7 милиони.


Тотенхем не ја започна сезоната онака како што посакуваше и сè уште нема забележано победа. Сепак, станува збор за тим кој сè уште се воигрува и прашање на време е кога ќе почне да игра на повисоко ниво. Подобрата игра во останатиот дел од теренот би требало да го намали и притисокот врз дефанзивната линија, а со тоа да се зголемат шансите за натпревари без примен гол. Поради тоа, задржувањето на чешкиот голман во овој момент изгледа како разумен потег.
Кински има форма од 3 поени и неговата цена изнесува 4.5 милиони.


Со оглед на неговата цена на почетокот од сезоната, Лук Шо изгледаше како одлична опција во одбраната. Сепак, неговите партии, а пред сè играта на Манчестер Јунајтед во дефанзивата, се далеку од нивото што се очекуваше. Јунајтед прими гол на секој натпревар од почетокот на сезоната, а со оглед на распоредот, тој тренд би можел да продолжи и во следните кола. Дополнителен проблем е малата повреда на Шо, која може да влијае и врз неговата минутажа во наредниот период.
Шо има форма од 2.3 поени и неговата цена изнесува 4.4 милиони.


Скот одигра два фантастични последователни натпревари против Евертон и Њукасл, на кои забележа еден гол и две асистенции. Таквата форма очекувано привлече голем број FPL играчи да размислуваат за негов трансфер, но токму сега треба да се биде внимателен. На Борнмут му претстои значително потежок распоред, па не треба да се очекува дека Скот ќе продолжи да носи поени со исто темпо. Наместо да се бркаат поените од претходните две кола, подобро е да се почека и да се види дали може да ја задржи формата и против посилните противници.
Скот има форма од 8 поени и неговата цена изнесува 6.1 милион.


Челзи игра офанзивен фудбал, па иако нивниот противник Хал сè уште нема примено гол оваа сезона, прашање на време е кога некоја екипа ќе успее да ги искористи шансите што се создаваат во нивниот шеснаесетник. Токму Педро има одлична можност на овој натпревар да ја продолжи добрата форма и повторно да донесе FPL поени.

Слично како Педро, и Палмер би требало да биде постојана опасност пред голот на Хал. Голем дел од организацијата на нападите на Челзи поминува преку него, а бројот на шанси што се очекува тимот да ги создаде е доволна причина да веруваме дека Палмер повторно може да биде директно вклучен во гол. Поради тоа, тој е една од најсигурните опции за капитенската лента ова коло.

Доколку Исак го имате во вашиот тим, вреди сериозно да се размисли капитенската лента да му ја препуштите токму нему. Одбраната на Фулам делува неорганизирано на почетокот од сезоната и дозволува премногу простор, а Исак е напаѓач кој одлично знае да ги искористи токму таквите слабости.