FPL Контра Фаул – GW34

Колотo доаѓа во клучен момент од сезоната, каде што секој поен има зголемена тежина. Борбата за титула, местата во ЛШ и опстанокот влегуваат во завршна фаза, а распоредот дополнително ја комплицира сликата со празно коло за дел од екипите. Во вакви услови, одлуките мора да се носат со јасен план и за следното коло. Формата е важна, но достапноста и сигурните минути се тие што ја прават разликата.

FPL Контра Фаул — Преглед по категории (GW34)

Категорија Играч Тим Цена Форма Клучна логика
Купи Чави Симонс Тотенхем £6.5m 6.00 Клучен играч во борбата за опстанок
Задржи Џејмс О’Рајли Манчестер Сити £5.1m 9.0 Фантастична форма + борба за титула
Продај Маркос Сенеси Бурнмаут £5.2m 3.3 Лоша Fantasy форма
Избегни Доминик Соланке Тотенхем £7.2m 2.0 Лоша форма + можни ротации

Симонс на последниот натпревар јасно покажа дека ќе има клучна улога во обидот на Тотенхем да обезбеди опстанок. Со пет „финалиња“ до крајот на сезоната, неговото влијание во офанзивата ќе биде зголемено, што директно го прави интересна Fantasy опција во овој период. Симонс има форма од 6.0 поени и неговата цена изнесува 6.5 милиони.


Иако Манчестер Сити има празно коло поради ФА Купот, продажбата на О’Рајли може да биде погрешен потег. Неговата форма и улога во тимот се на високо ниво, а распоредот и борбата за титула дополнително ја зголемуваат неговата вредност. Освен ако не се користи Free Hit, задржувањето е поразумна стратегија. О’Рајли има форма од 9.0 поени и неговата цена изнесува 5.1 милиони.


И покрај солидната форма, Бурнемаут има проблем со задржување на чиста мрежа – четири натпревари по ред со примен гол. Дополнително, распоредот станува значително потежок, што го намалува дефанзивниот потенцијал. Во ваков контекст, продажбата е логичен чекор. Сенеси има форма од 3.3 поени и неговата цена изнесува 5.2 милиони.


За разлика од Симонс, Соланке е во сериозен пад на форма. Без гол повеќе од еден месец, неговиот Fantasy принос е минимален. Во оваа фаза од сезоната, вложување во ваков профил е непотребен ризик, особено кога постојат поефикасни алтернативи во нападот. Соланке има форма од 2.0 поени и неговата цена изнесува 7.2 милиони.


НАЈДОБРА ОПЦИЈА – БРУНО ФЕРНАНДЕШ

Бруно продолжува да испорачува на врвно ниво и е на чекор до историски рекорд во асистенции. Со константно учество во сите офанзивни акции, тој останува најсигурниот капитенски избор.

ДОБРА АЛТЕРНАТИВА – МОХАМЕД САЛАХ

Салах повторно влегува во ритам, со два гола на последните два натпревари. Доколку се бара стабилна алтернатива, ова е логичен избор.

РИЗИЧНА ОПЦИЈА – ОЛИ ВОТКИНС

Воткинс е во добра форма и нуди солиден апсајд, но останува помалку сигурен во однос на главните опции. За оние што сакаат да направат разлика, ова е прифатлив ризик.