Двојното коло доаѓа во момент кога борбата за титула влегува во завршна фаза. Секој поен има зголемена тежина, а истото важи и за Fantasy одлуките – изборите ова коло можат да направат разлика.
Во ваков контекст, фокусот не е само на имињата, туку на играчите со минути, форма и вистинска улога во тимовите што играат за нешто. Стратегијата повторно е клучна.
FPL Контра Фаул — Преглед по категории (GW33)
| Категорија | Играч | Тим | Цена | Форма | Клучна логика |
|---|---|---|---|---|---|
| Купи | Рајан Черки | Манчестер Сити | £6.4m | 10.00 | Фантастична форма + двојно коло |
| Задржи | Енцо Фернандез | Челзи | £6.5m | 1.0 | Важните улога во тимот |
| Продај | Деклан Рајс | Арсенал | £4.0m | 7.2 | Тежок распоред + можни ротации |
| Избегни | Тиаго | Брендфорд | £8.5m | 7.3 | Нема двојно коло + добра опција за следните кола |
ИГРАЧ ШТО ТРЕБА ДА СЕ КУПИ: РАЈАН ЧЕРКИ (МАНЧЕСТЕР СИТИ)
Формата, двојното коло и сигурната минутажа го прават Черки еден од најатрактивните избори ова коло. Манчестер Сити влегува во период каде што мора да напаѓа резултатски, а неговата улога во офанзивата носи реален потенцијал за поени.
Покрај краткорочниот апсајд, Черки има и вредност како избор до крајот на сезоната.
Черки има форма од 10.00 поени и неговата цена изнесува 6.4 милиони.ж
ИГРАЧ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗАДРЖИ: ЕНЦО ФЕРНАНДЕЗ (ЧЕЛЗИ)
По суспензијата, Енцо се врати во составот на Челзи и повторно ја има клучната улога во средниот ред.
Неговата стабилност, сигурните минути и потребата да се наметне повторно го прават логичен избор за задржување, барем во краток рок.
Енцо има форма од 1.0 поени и неговата цена изнесува 6.5 милиони
ИГРАЧ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРОДАДЕ: ДЕКЛАН РАЈС (АРСЕНАЛ)
Арсенал влегува во тежок распоред, што директно влијае врз Fantasy потенцијалот на играчите.
Во комбинација со можни ротации во финишот на сезоната, Рајс станува помалку атрактивна опција, особено ако средствата можат да се пренасочат кон играчи со подобар краткорочен апсајд.
Рајс има форма од 4.0 поени и неговата цена изнесува 7.2 милиони
ИГРАЧ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ИЗБЕГНЕ: ТИАГО (БРЕНДФОРД)
И покрај одличната форма и головите во последните натпревари, контекстот не оди во прилог на негово внесување ова коло.
Брентфорд нема двојно коло, што автоматски го намалува неговиот потенцијал во споредба со алтернативите. Подобар момент за вложување може да биде финишот од сезоната.
Тиаго има форма од 8.5 поени и неговата цена изнесува 7.3 милиони
ИЗБОР ЗА КАПИТЕН: ХАЛАНД, ПЕДРО ИЛИ КАЛВЕРТ-ЛУИН?
НАЈДОБРА ОПЦИЈА: ЕРЛИНГ ХАЛАНД
Двојното коло го става Халанд во прв план. Како главен напаѓач на Сити, неговата улога во борбата за врвот на табелата е клучна, а потенцијалот за поени е највисок од сите опции.
ДОБРА АЛТЕРНАТИВА: ЖОАО ПЕДРО
И Челзи има двојно коло, а Педро останува централна фигура во нападот. И покрај тивките настапи во последниот период, неговата улога во клучните натпревари може да донесе значаен Fantasy принос.
РИЗИЧНА ОПЦИЈА: ДОМИНИК КАЛВЕРТ-ЛУИН
Лидс исто така има двојно коло, а Калверт-Луин е главната офанзивна опција. Формата не му е на високо ниво, но токму ваквите периоди знаат да донесат изненадувачки поени.
За оние што бараат диференцијален избор, ова е ризик со потенцијал.
