FPL Контра Фаул – GW32

По пауза од три недели, Премиер лигата се враќа во најкритичниот дел од сезоната. Остануваат уште седум натпревари до крајот, а борбата е отворена на сите фронтови – за титула, за пласман во Лигата на шампионите и за опстанок.
Во ваков момент, секој натпревар носи зголемена тежина, а истото важи и за Fantasy одлуките. Разликата ја прават играчите со сигурна улога, форма и јасна мотивација. Стратегијата повеќе не е предност – туку неопходност.

FPL Контра Фаул — Преглед по категории (GW32)

Категорија Играч Тим Цена Форма Клучна логика
Купи Џерод Боувен Вест Хем £7.6m 4.9 Клучен играч во борбата за опстанок
Задржи Вирџил Ван Дајк Ливерпул £6.3m 2.5 Една од најважните улоги во тимот
Продај Марк Гејхи Манчестер Сити £5.1m 2.0 Тежок распоред + лоша форма
Избегни Бенџамин Шешко Манчестер Јунајтед £7.4m 2.5 Големи ротации

Борбата на Вест Хем Јунајтед за опстанок ќе трае до самиот крај, а во вакви ситуации клучните играчи мора да испорачуваат. Боуен е тивок во последните неколку кола, но токму ваквиот период е момент кога треба да направи чекор повеќе.
Распоредот во следните три кола носи противници против кои Вест Хем може да игра поотворено, што директно оди во прилог на неговиот офанзивен потенцијал.
Боувен има форма од 4.0 поени и неговата цена изнесува 7.6 милиони.


Ливерпул не е во најдобра форма, со три порази по ред во сите натпреварувања и осум примени голови, но и понатаму ја контролира ситуацијата во борбата за позициите што водат во ЛШ.
Ван Дајк останува лидер на тимот и играч со сигурни минути. Во вакви периоди токму неговата стабилност и искуство се клучни. И покрај реваншот со ПСЖ, тешко е да се очекува дека ќе биде изоставен во натпреварот против Фулам, што го прави рационален избор за задржување.
Ван Дајк има форма од 2.5 поени и неговата цена изнесува 6.3 милиони.


Манчестер Сити влегува во тежок период со дуели против Челзи и Арсенал. Ова се натпревари што ќе покажат колку е стабилна нивната дефанзива, а последните неколку настапи во Премиер Лигата покажуваат дека тимот често прима голови.
Во таков контекст, Гејхи станува ризична опција, особено кога неговата цена може да се реинвестира во посигурни дефанзивци.
Гејхи има форма од 2.0 поени и неговата цена изнесува 5.1 милиони.


Иако формата му е солидна, Шешко ретко добива полни 90 минути и најчесто влегува како опција од клупа. Кај тим предводен од Мајкл Карик, ваквата улога носи ограничен Fantasy потенцијал.
Со оглед на тоа што распоредот не е лесен, подобро е да се почека со негово внесување и да се следи како ќе се развива неговата минутажа.
Шешко има форма од 2.5 поени и неговата цена изнесува 7.4 милиони.


НАЈДОБРА ОПЦИЈА: БРУНО ФЕРНАНДЕШ

Бруно повторно е најсигурниот избор. Формата, влијанието во играта и константната вклученост во офанзивата го прават најлогичен носител на капитенската лента.

ДОБРА АЛТЕРНАТИВА: ЏЕРОД БОУВЕН

За оние што сакаат диференцијален пристап, Боуен е одлична опција. Борбата за опстанок и дуелот со Волвс нудат сценарио во кое може да направи разлика.

РИЗИЧНА ОПЦИЈА: ЕРЛИНГ ХАЛАНД

Иако станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во светот, Халанд не е во препознатлива форма во последните кола. Сепак, неговиот потенцијал останува огромен, а хет-трикот во куп натпреварот против Ливерпул е потсетник дека може да експлодира во секој момент.
Ризикот е поголем од вообичаено, но и наградата.