FPL Контра Фаул – GW30

По еден викенд пауза поради натпреварите од ФА Купот, Премиер лигата се враќа со коло што доаѓа во исклучително комплексен момент од календарот. GW30 носи натпревари меѓу двата термина од Лигата на шампионите, што автоматски отвора простор за ротации и внимателно управување со минутите кај дел од екипите. Дополнителен фактор што ја прави оваа рунда уште поспецифична е и фактот дека неколку тимови ќе имаат празно следно коло, па Fantasy одлуките мора да се носат со чекор однапред.

FPL Контра Фаул — Преглед по категории (GW30)

Категорија Играч Тим Цена Форма Клучна логика
Купи Елиот Андерсон Нотингем Форест £5.5m 5.8 Добра форма + поени од defensive contributions
Задржи Хари Вилсон Фулам £6.0m 5.5 Најважен играч во Фулам
Продај Џордан Пикфорд Евертон £5.6m 3.0 Висока цена + тежок распоред
Избегни Џејмс О’Рајли Манчестер Сити £5.1m 9.0 Можни ротации + можно празно следно коло

Андерсон игра во одлична форма во последните неколку недели и се наметнува како солидна опција во средниот ред. Неговата цена е релативно ниска за играч што има стабилна улога во тимот, а дополнителен аргумент е и распоредот што му следува на Нотингем во наредните кола.
Со оглед на тоа што Нотингем често игра дефанзивно, Андерсон знае да собира поени и преку defensive contributions, што дополнително го крева неговиот Fantasy потенцијал.
Андерсон има форма од 5.8 поени и неговата цена изнесува 5.5 милиони.


Вилсон не настапи против Вест Хем во претходното коло, но се очекува повторно да биде во комбинација за следниот натпревар. Иако распоредот на Фулам не е најлесен, Вилсон останува еден од најважните офанзивни играчи на тимот.
Без разлика на противникот, оваа сезона неколку пати покажа дека може да донесе Fantasy поени и против посилни екипи.
Вилсон има форма од 5.5 поени и неговата цена изнесува 6.0 милиони.


Евертон влегува во исклучително тежок период од сезоната. Во наредните шест натпревари ќе се соочи со пет екипи што се пред нив на табелата, односно од првото до седмото место.
Во таков распоред шансите за чисти мрежи се значително намалени, а цената на Пикфорд е дополнителен аргумент дека средствата можат подобро да се распределат на друга позиција.
Пикфорд има форма од 3.0 поени и неговата цена изнесува 5.6 милиони.


Манчестер Сити го очекува важен реванш против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, што ја зголемува веројатноста за ротации во лигашкиот натпревар. Кај тимот на Пеп Гвардиола ваквите одлуки често се непредвидливи, па ризикот од ограничени минути е реален.
Дополнително, постои можност Сити да го пропушти GW31, што уште повеќе го намалува краткорочниот Fantasy потенцијал. Иако О’Рајли игра во одлична форма, ова коло не е најдобриот момент за негово внесување во тимот.
О’Рајли има форма од 9.0 поени и неговата цена изнесува 5.1 милиони.


НАЈДОБРА ОПЦИЈА: ХУГО ЕКИТИКЕ (ЛИВЕРПУЛ)

Ливерпул се соочува со Тотенхем во момент кога тимот од Лондон е во сериозна резултатска и кадровска криза. Дополнителен проблем за нив е дефанзивната линија, каде што недостасуваат неколку важни играчи. Екитике оваа сезона покажа дека знае да пронајде простор и против компактни одбрани, па со оглед на очекуваниот тек на натпреварот, повторно може да биде клучен извор на Fantasy поени.

ДОБРА АЛТЕРНАТИВА: ЖОАО ПЕДРО (ЧЕЛЗИ)

Педро игра во фантастична форма. Во претходното коло постигна хет-трик и запиша асистенција против Астон Вила, а неговата улога во нападот на тимот е максимално изразена. И против Њукасл се очекува токму тој да биде централната фигура во офанзивата.

РИЗИЧНА ОПЦИЈА: ГАБРИЕЛ (АРСЕНАЛ)

Арсенал е голем фаворит против Евертон, а во финишот од сезоната дефанзивната стабилност ќе биде клучна во борбата за титулата. Габриел останува опасен и од прекини, па комбинацијата од потенцијална чиста мрежа и офанзивна закана го прави интересна, иако поризична капитенска опција.