GW29 доаѓа во незгоден, но стратешки важен термин – коло преку недела, непосредно пред натпреварите од ФА Купот и Лигата на шампионите. Тоа значи едно: ротации, управување со минути и внимателно дозирање на клучните играчи. Некои тимови ќе калкулираат, други немаат простор за штедење. Токму тука лежи разликата – препознавање кои играчи имаат сигурна улога и минути, а кои се потенцијална жртва на густ распоред.
FPL Контра Фаул — Преглед по категории (GW29)
| Категорија | Играч | Тим | Цена | Форма | Клучна логика |
|---|---|---|---|---|---|
| Купи | Брајан Мбеумо | Манчестер Јунајтед | £8.7m | 4.8 | Добра форма + клучна офанзивна фигура |
| Задржи | Ерлинг Халанд | Манчестер Сити | £14.8m | 5.4 | Најважен играч за финишот на сезоната |
| Продај | Оли Воткинс | Астон Вила | £8.6m | 1.6 | Лоша форма + тежок распоред |
| Избегни | Алексис Мек Алистер | Ливерпул | £6.2m | 5.6 | Неконстантни Fantasy поени |
ИГРАЧ ШТО ТРЕБА ДА СЕ КУПИ: БРАЈАН МБЕУМО (МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД)
Манчестер Јунајтед игра најконзистентен фудбал во последните неколку сезони и офанзивниот потенцијал е очигледен. Мбеумо е директно вклучен во завршницата на акциите и останува една од клучните фигури во нападот.
Девет голови и три асистенции сезонава се сериозна бројка, а и покрај тоа што во последните кола не игра по 90 минути, неговиот интензитет во првиот час е доволен за Fantasy импакт. Во период кога формата и самодовербата на тимот растат, неговиот профил и те како е опција која што мора да ја имате во тимот.
Мбеумо има форма од 4.8 поени и неговата цена изнесува 8.7 милиони.
ИГРАЧ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗАДРЖИ ВО ТИМОТ: ЕРЛИНГ ХАЛАНД (МАНЧЕСТЕР СИТИ)
Отсуството од составот против Лидс предизвика паника и масовна продажба, па речиси 300.000 играчи решија да го отстранат од тимот. Сепак, без јасна информација за повреда, ваквиот потег делува преуранет.
Дури и ако пропушти уште еден натпревар, Халанд останува централна фигура во трката за титулата. Со неговата цена, повторното внесување во тимот би било сериозен финансиски предизвик без активен чип. Во вакви ситуации дисциплината носи повеќе корист од реактивните трансфери.
Халанд има форма од 5.4 поени и неговата цена изнесува 14.8 милиони.
ИГРАЧ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРОДАДЕ: ОЛИ ВОТКИНС (АСТОН ВИЛА)
Воткинс е во сериозен пад на Fantasy продукција. Последниот гол го постигна пред повеќе од еден месец и формата моментално не ја оправдува цената.
Дополнително, распоредот не нуди олеснување – следуваат дуели со Челзи и Манчестер Јунајтед. Кога формата и календарот се негативни истовремено, продажбата станува рационална одлука.
Воткинс има форма од 1.6 поени и неговата цена изнесува 8.6 милиони.
ИГРАЧ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ИЗБЕГНЕ: АЛЕКСИС МЕК АЛИСТЕР (ЛИВЕРПУЛ)
Два гола на последните два натпревари ја кренаа неговата привлечност кај Fantasy менаџерите. Но контекстот е важен – тие се неговите единствени голови сезонава.
Неговата примарна улога е организација на играта и дефанзивна стабилност, што ретко носи конзистентни поени во Fantasy. Купување врз основа на краткорочен блесок често резултира со разочарување.
Мек Алистер има форма од 5.6 поени и неговата цена изнесува 6.2 милиони.
ИЗБОР ЗА КАПИТЕН: БРУНО ФЕРНАНДЕШ, ВИРЏИЛ ВАН ДАЈК ИЛИ АНТОАН СЕМЕЊО
Најдобра опција: Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед)
Иако Манчестер Јунајтед има незгодно гостување против Њукасл, сепак светска ѕвезда како Бруно тоа најмалку го интересира. Португалецот можеби игра во најдобрата форма во својата кариера до сега и со онаква партија како против Кристал Палас, секако е еден од главните играчи кои што ќе бидат одбрани за капитен ова коло.
Добра алтернатива: Вирџил Ван Дајк (Ливерпул)
Ван Дајк веќе второ коло по ред е нашата добра алтернатива за избор за капитен, а претходното коло докажа дека изборот не е лош. Дополнителна причина за негов повотрен избор е што Ливепрул игра против последнопласираниот Волвс, па за очекување е да одиграат натпревар каде што ќе ја зачуваат својата мрежа. Секако, останува и еден од најопасните играчи кога се прекините во прашање.
Ризична опција: Антоан Семењо (Манчесртер Сити)
Семењо по доаѓањето од Бурнмаут стана еден од главните играчи со кои што располага Пеп Гвардиола. Репрезентативецот на Гана откако пристигна на Етихад има извонредна статистика, каде што на седум одиграни натпревари постигна четири гола и забележа една асистеницја. Ова се исклучително добри бројки со оглед на тоа со каков тим располага шпанецот на клупата на Сити. Како дополнителен аргумент зошто Семењо е добра опција за капитен ова коло е што Сити игра против една од екипите која што до крајот ќе се бори за опстанок, а тоа е екипата на Нотингем Форест.
