GW28 доаѓа во момент кога разликите на табелата се минимални, а Fantasy одлуките сè повеќе личат на управување со ризик отколку на лов на сензација.
Распоредот носи неколку јасни таргет-мечеви, но истовремено и опасни замки кај имиња што звучат привлечно на хартија. Ова е коло во кое вредноста се бара во правилна проценка на формата, сигурноста на минутите и контекстот на противникот.
Во оваа фаза од сезоната, импровизацијата ретко носи награда. Стратегијата — секогаш.
FPL Контра Фаул — Преглед по категории (GW28)
| Категорија | Играч | Тим | Цена | Форма | Клучна логика |
|---|---|---|---|---|---|
| Купи | Хуго Екитике | Ливерпул | £8.9m | 4.5 | Добар распоред + сигурни минути |
| Задржи | Марк Гејхи | Манчестер Сити | £5.2m | 3.8 | Стабилна дефанзивна улога |
| Продај | Енцо Фернандез | Челзи | £6.8m | 3.5 | Неконстантност + тежок распоред |
| Избегни | Жерод Боувен | Вест Хем | £7.6m | 4.8 | Ограничен офанзивен простор |
ИГРАЧ ШТО ТРЕБА ДА СЕ КУПИ: ХУГО ЕКИТИКЕ (ЛИВЕРПУЛ)
Ливерпул влегува во серија натпревари против екипи од долниот дел на табелата, што отвора јасна офанзивна перспектива. Ова е период во кој напаѓачите мора да испорачуваат, а Екитике има сигурна стартна улога и минути.
Иако минуваше низ кратка суша без гол, токму ваквиот распоред е идеална точка за враќање на голгетерската форма. Во борбата за европско место, Ливерпул ќе мора да напаѓа, а тоа директно оди во прилог на неговиот Fantasy потенцијал.
Екитике има форма од 4.8 поени и неговата цена изнесува 8.9 милиони.
ИГРАЧ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗАДРЖИ ВО ТИМОТ: МАРК ГЕЈХИ (МАНЧЕСТЕР СИТИ)
Гејхи брзо влезе во ротација по доаѓањето во Сити, без класичен период на адаптација. Иако тимот сезонава знае да биде ранлив во одбрана, мотивот во завршницата од шампионатот е на највисоко можно ниво, особено со оглед на трката со Арсенал.
Со враќањето на Диас, се оформува стабилна стоперска линија која би требало да биде основа во клучните натпревари. Гејхи нуди солиден Fantasy баланс – сигурни минути, простор за чисти мрежи и цена што сè уште не го рефлектира целосно неговиот потенцијал во ваков тим.
Гејхи има форма од 3.8 поени и неговата цена изнесува 5.2 милиони.
ИГРАЧ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРОДАДЕ: ЕНЦО ФЕРНАНДЕЗ (ЧЕЛЗИ)
Енцо сезонава е непредвидлив Fantasy профил. Знае да наниже добри настапи, но исто така лесно паѓа во периоди без конкретен учинок. Со оглед на неговата позиција, жолтите картони се реален ризик, а тоа директно влијае врз поенскиот принос.
Дополнително, следуваат тешки дуели против Арсенал и Астон Вила, што ја намалува веројатноста за офанзивна продукција. Во ваков момент, средствата можат да бидат поефикасно распределени.
Фернандез има форма од 3.5 поени и неговата цена изнесува 6.8 милиони.
ИГРАЧ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ИЗБЕГНЕ: ЖЕРОД БОУВЕН (ВЕСТ ХЕМ)
Боувен е клучна фигура во борбата на Вест Хем за опстанок и во одреден момент може да биде интересна инвестиција. Но не сега.
Распоредот е сериозен проблем – Ливерпул, Сити и Астон Вила се три од наредните четири противници. Во вакви дуели, Вест Хем тешко ќе има контрола на мечот, што значително го ограничува офанзивниот простор за поени.
Боувен има форма од 4.8 поени и неговата цена изнесува 7.6 милиони.
ИЗБОР ЗА КАПИТЕН – ХАЛАНД, ВАН ДАЈК ИЛИ БРУНО ФЕРНАНДЕШ?
Најдобра опција: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити)
Сити игра против Лидс, натпревар што отвора јасен офанзивен потенцијал. Халанд е во серија од три натпревари со гол или асистенција и останува најчистиот капитенски избор кога се бара комбинација од сигурност и експлозивен плафон.
Добра алтернатива: Вирџил Ван Дајк (Ливерпул)
Ван Дајк е во одлична Fantasy форма – 28 поени на последните два натпревари. Дуелот со Вест Хем е можност за чиста мрежа, а неговото учество во defensive contributions носи дополнителна вредност. За оние што сакаат диференцијален капитен со стабилен под, ова е сериозна опција.
Ризична опција – Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед)
Манчестер Јунајтед е во добра серија резултати, предводени од Бруно. Сепак, по неколку кола со солиден принос, следуваше благо опаѓање во Fantasy продукцијата. Со оглед на незгодниот дуел против Кристал Палас, неговиот избор за капитен носи повисок степен на ризик во однос на алтернативите.
