Во првото коло од Премиер Лигата не очекува динамичен распоред кој пред се овозможува фантастична шанса за поставување здрави корени на fantasy сцената. Дел од предлог играчите се основа за тимот, дел се вметнати поради добриот распоред на почетокот на сезоната. Вкупниот износ на тимот во продолжение изнесува 100 милиони.
Голмани: Вербруген (Брајтон) и Кински (Тотенхем)
- Вербруген веќе неколку сезони по ред докажува дека станува збор за исклучително добар голман за кој речиси секоја година се поставува прашањето: „Зошто не брани во поголем клуб?“. Холандскиот голман и оваа година ќе биде клучен играч во пласманот кој што го брка неговиот тим, а тоа е првата половина од табелата.
Вербурген вреди 4.5 милиони. - По заминувањето на Викарио, Кински ќе биде прв избор на Де Зерби на голманската позиција на Тотенхем. Иако имаше сомнителни партии претходната година, сепак во финишот на сезоната кога доби сериозна шанса, покажа дека се работи за квалитетен голман. Распоредот на Тотенхем е идеален, за чешкиот голман да докаже дека заслужува да биде во првите 11.
Кински вреди 4.5 милиони.
Одбрана: Калафиори (Арсенал), Мегваер (Манчестер Јунајтед), Неко Вилијамс (Нотингем), Ван Хеке (Тотенхем) и Ван Евијк (Ковентри)
- Калафиори со оглед на тоа како ги одигра пријателските натпревари, се очекува да добие шанса на левата бековска позиција и да има исклучително важна улога во офанзивниот дел на Арсенал. А со оглед на тоа што топџиите имаат навистина цврста одбрана, неговиот избор е логичен за стартот на сезоната.
Калафиори вреди 5.5 милиони. - Мегваер се очекува да биде лидерот во одбраната на Манчестер Јунајтед. Се очекува голем број на дефанзивни реакции, како и чиста мрежа во првите две кола, причини кои што може да му донесат поени во натпреварите против Хал и Ипсвич.
Мегваер вреди 5.0 милиони. - Неко Вилијамс е еден од дефанзивците по кој што се залетани голем број на Фантази играчи. Неговата улога во тимот на Нотингем е исклучително важна, офанзивата му е силна страна и сето тоа може да бидат полн погодок кога се работи за овој играч.
Вилијамс вреди 5.0 милиони. - Ван Хеке е засилувањето во тимот на Тотенхем за оваа сезона. По страшно добрата сезона во Брајтон, за очекување е да биде стандарденн во последната линија и на Тотенхем. Иако се работи за ризичен избор, сепак искуството на Ван Хеке во Премиер лигата може да биде пресудно и затоа вреди да се ризикува.
Ван Хеке вреди 5.0 милиони. - Ван Евијк е игеачот на новајлијата во лигата. Дефанзивецот од Холандија имаше три фантастични сезони во Ковентри, а неговите поените што би ги добил од дефанзивните придонеси, како и неговата цена се двете главни причини поради високата побарувачка за овој играч.
Ван Евијк вреди 4.0 милиони.
Среден ред: Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед), Мбеумо (Манчестер Јунајтед), Собослаи (Ливерпул), Ле Фе (Сандрленд) и Хјугс (Кристал Палас)
- За Бруно нема што многу да се говори. Убедливо најдобриот играч на Манчестер Јунајтед претходната сезона, се очекува и оваа да доминира пред се во делот на креација на играта. Со оглед на целите на Манчестер Јунајтед за висок пласман оваа сезона, неговата улога ќе биде клучна.
Бруно вреди 12 милиони. - Мбеумо заедно со Куња се играчите кои што ќе го прземат офанзивниот дел по отсуството на Шешко на почетокот на сезоната. Играчот од Камерун се очекува да му биде главната поддршка на Бруно во походот кон топ 4.
Мбеумо вреди 8.0 милиони. - Како еден од ретките играчи на Ливерпул што претходната сезона имаше континуирано добри настапи е Доминик Собослаи. Со оглед на неговата улога во тимот на Ираола, за очекување е Собослаи да ја повтори, па дури и да ја подобри ланската игра. Потенцијалните поени може да ги очекуваме од прекините за кои што веројатно ќе биде задолжен.
Собослаи вреди 7.0 милиони. - Енцо Ле Фе е играчот на кој што треба да му се обрне внимание. Неговиот учинок од пет гола и шест асистенции во ланската сезона, го прави еден од најпримамливите играчи кои доаѓаат од екипи од понизок ранг. Заедно со Џака се очекува да бидат најстабилниот дел на тимот на Сандрленд.
Ле Фе вреди 6.0 милиони. - На крајот, како играч кој што може да допринесе во некој од натпреварите и кој најголемиот дел од сезоната доколку е во тимот ќе виде на клупа е Вил Хјугс од тимот на Кристал Палас. Неговите дефанзивни придонеси се главното негово оружје, а цената е идеална за ваков тип на играч.
Хјугс вреди 4.5 милиони.
Напад: Халанд (Манчестер Сити), Жоао Педро (Челзи) и Калверт-Луин (Лидс)
- Слично како и за Бруно Фернандеш, попусто е било што да се каже и за Ерлинг Халанд. Најдобриот напаѓач во светот, без разлика на неговата рекордна цена, сепак е must have играч доколку сакате да бидете конкурентни во оваа игра.
Халанд вреди 15.5 милиони - Жоао Педро минатата сезона докажа дека се работи за врвен напаѓач, а отсуството од Светското Првенство веројатно го направи повеќе гладен за поголеми успеси оваа сезона. Чаби Алонсо игра офанзивен фудбал, Челзи има квалитетен тим, а Жоао Педро треба да биде оној играч од кој ќе зависат највеќе работи на теренот.
Педро вреди 7.5 милиони - Калвер-Луин е еден од најискусните напаѓачи во лигата. Во претходната сезона во Лидс, која што му беше дебитантска, потсети на неговите најдобри настапи кои што ги имаше во Евертон пред шест сезони. За очекување е и оваа сезона да биде главниот играч во борбата за опстанок на неговиот тим.
Калверт-Луин вреди 6.0 милиони
Избор за капитен:
- Ерлинг Халанд е најлогичниот избор за капитенската лента во првото коло. Натпревар против Бурнмаут, домашен терен, прв во сезоната. Сите овие аргументи одат на негова страна и се очекува да покаже дека вреди и дека мора да го имате во тимот.
- Негова алтернатива е Бруно Фернандеш, со оглед на распоредот и натпреварот против Хал во првото коло. Бруно е задолжен за сите прекини, па за очекување е да нападне со своето најсилно оружје, а тоа се асистенциите.
