| Натпревар | Тип | Коефициент | Ризик |
|---|---|---|---|
| Борусија Дортмунд – Аугсбург | 1&Т1 | 1.70 | Среден |
| Селтик – Мадервил | 1 | 1.78 | Среден |
| Џирона – Атлетик Билбао | ГГ | 1.78 | Среден |
| Барнли – Бурнмаут | 2 | 1.90 | Висок |
Борусија Дортмунд – Аугсбург
Тип: 1&Т1 | Коефициент: 1.70 | Ниво на ризик: Среден
Дортмунд има стабилна сезона и иако титулата речиси сигурно оди кон Баерн, второто место во лигата мора да се потврди со сигурни резултати до крајот на сезоната. Токму домашните натпревари се нивната најсилна страна, каде што редовно создаваат голем број шанси и играат офанзивно.
Аугсбург се наоѓа на мирна позиција во средината на табелата, без сериозен притисок ниту од зоната за испаѓање ниту од борбата за Европа. Гостувањата против екипи од врвот им се проблем, а со оглед на офанзивниот стил на двата тима, победа на домаќинот со најмалку два постигнати гола изгледа како логично сценарио.
Селтик – Мадервил
Тип: 1 | Коефициент: 1.78 | Ниво на ризик: Среден
Квота од ваков тип за Селтик на домашен терен ретко се гледа, особено кога противникот не е Ренџерс. Иако сезоната не оди според очекувањата, шансите за титула сѐ уште постојат и ваквите натпревари се задолжителни за освојување.
Мадервел има изненадувачки добра сезона и се наоѓа во горниот дел од табелата, но гостинските настапи често знаат да им донесат осцилации. Традицијата, домашниот терен и квалитетната разлика остануваат главни аргументи за победа на Селтик.
Џирона – Атлетик Билбао
Тип: ГГ | Коефициент: 1.78 | Ниво на ризик: Среден
Џирона и Атлетик Билбао се наоѓаат во средината на табелата, но со различни мотиви. Домаќините се уште имаат мала бодовна дистанца од опасната зона и мораат да продолжат да собираат бодови за мирен финиш на сезоната. Билбао, пак, сѐ уште има реални амбиции за приклучок кон позициите што водат во Европа.
Формата и кај двете екипи сугерира натпревар со голови. Џирона има серија од пет меча со голови на двете страни, додека Билбао има сличен тренд во последниот период. И традицијата на меѓусебните дуели често носи динамични натпревари, што го прави типот „гол-гол“ логичен избор.
Барнли – Борнмут
Тип: 2 | Коефициент: 1.90 | Ниво на ризик: Висок
Барнли е на работ од испаѓање и со само една победа во последните пет месеци практично ја потврди слабата сезона. Формата, самодовербата и резултатите се далеку од потребното ниво за опстанок.
Борнмут, напротив, игра одлична сезона и веќе има собрано значаен број бодови. Со околу 40 поени и позиција во горниот дел од табелата, амбициите за европски пласман сѐ уште се живи. За да останат во таа трка, ваквите натпревари против екипи од дното се натпревари што мора да се добијат.
