Контра Фаул предлози за обложување (17.02.2026 и 18.02.2026)

Аналитички предлози за обложување на Контра Фаул за 17.02.2026 и 18.02.2026. Типови базирани на форма, структура на играта и вредност во коефициентите.

Натпревар Тип Коефициент Ризик
Галатасарај – Јувентус 1.70 Среден
Бенфика – Реал Мадрид 2-3 гола 2.20 Висок
Карабах – Њукасл 2 1.45 Низок
Клуб Бриж – Атлетико Мадрид ГГ 1.60 Среден

Тип: 1Х

Коефициент: 1.70

Ниво на ризик: Среден ризик

Мини анализа: Јувентус на хартија е фаворит во двомечот, но гостување во Истанбул секогаш носи дополнителна тежина. Галатасарај традиционално игра со висок интензитет пред својата публика, каде што притисокот и атмосферата знаат да го променат текот на натпреварот.
Ако турскиот тим сака да има реални шанси за пласман понатаму, мора да избегне пораз дома и да изгради резултатска основа за реваншот. Затоа сценариото кое што вели дека Јувентус нема да победи во Турција изгледа најреално.


Тип: 2-3 гола

Коефициент: 2.20

Ниво на ризик: Висок ризик

Мини анализа: Овие две екипи веќе приредија спектакуларен меч во групната фаза, а повторната средба во нокаут фазата најавува уште еден тактички интензивен дуел. Реал Мадрид има повеќе европско искуство и квалитет, но Бенфика дома секогаш игра храбро и офанзивно.
Наместо ризично типување на победник, пореално е да се таргетира бројот на голови — натпревар со динамика, но без резултатски екстреми, што најчесто се случува во првите елиминациски дуели.


Тип: 2

Коефициент: 1.45

Ниво на ризик: Низок ризик

Мини анализа: Карабах веќе го оствари својот максимум со пласман во оваа фаза од натпреварувањето, што само по себе е голем успех за клубот. Сепак, квалитетниот јаз во однос на Њукасл е очигледен, особено кога се гледа ширината на ростерот и физичката доминација. Домашниот терен може да донесе отпор, поготово што во групната фаза тоа веќе го почувствуваа екипи како Копенхаген, Челзи и Франкфурт, но во елиминациски дуели ваквата разлика во класа најчесто излегува на површина. Затоа гостинската победа изгледа како најстабилната опција.


Тип: ГГ

Коефициент: 1.60

Ниво на ризик: Среден ризик

Мини анализа: И покрај различните фудбалски филозофии, и двете екипи сезонава играат натпревари со висок гол-просек. Одбраните не се целосно стабилни, а нападите редовно создаваат сериозни шанси.
Групната фаза го потврди тоа со голем број погодоци од двете страни, двете екипи имаа просек од четири погодоци по натпревар, а ваквиот профил на дуел во нокаут фаза најчесто носи отворен натпревар. Затоа сценариото со голови на двете страни има солидна логичка основа