Контра Фаул предлози за обложување (15.02.2026)

Аналитички предлози за обложување на Контра Фаул за 15.02.2026. Типови базирани на форма, структура на играта и вредност во коефициентите.

Натпревар Тип Коефициент Ризик
Башакшехир – Бешикташ ГГ 1.60 Среден
Лион – Ница 1 1.85 Среден
Спортинг – Фамаликао 1&Т1 1.60 Среден
Наполи – Рома 0-2 гола 1.45 Низок

Тип: ГГ

Коефициент: 1.60

Ниво на ризик: Среден ризик

Мини анализа: Ова е директен дуел за позицијата што носи европски квалификации, каде што нема простор за тактичко затворање. Башакшехир заостанува седум бода зад четвртото место, додека Бешикташ е само три бода под линијата – што го прави овој меч практично еден вид на финале за двата тима.
Бешикташ веќе пет месеци по ред постигнува најмалку еден гол по натпревар, но истовремено во последниот период редовно прима голови. Башакшехир има сличен голгетерски континуитет, а и традицијата е на страната на головите – само еден меч без погодоци во последната деценија. Сценариото јасно води кон гол од двете страни.


Тип: 1

Коефициент: 1.85

Ниво на ризик: Среден ризик

Мини анализа: Лион доаѓа на овој натпревар со серија од 12 победи во сите натпреварувања и со целосен резултатски замав во Лига 1. Формата е на максимум, а мотивацијата уште поголема поради трката за позициите што водат во Лигата на шампионите.
Ница игра променливо и без стабилен ритам, но доволно далеку од зоната за испаѓање за да нема вистински притисок. Иако отсуствата кај Лион, како Ендрик, Клајверт, Таљиафико ја креваат квотата, квалитетот и моментумот остануваат на нивна страна. Во вакви услови, домашната победа е најлогичен расплет. Сепак, иако очекуваме победа на Лион, доколку одиме на посигурна варијанта, тогаш 1Х&2+ е идеалниот тип за овој меч.


Тип: 1&Т1

Коефициент: 1.60

Ниво на ризик: Среден ризик

Мини анализа: Борбата за титулата во Португалија веројатно се сведува на Спортинг и Порто, поради тоа што Бенфика со натпревар повеќе веќе заостанува четири бода зад првопласираниот Порто, а тоа во оваа лига е голема разлика. Поради тоа, ваквите натпревари на Спортинг се задолжителни за освојување ако се сака шампионски континуитет. Победа денес значи задржување на чекорот со врвот и дополнителен притисок врз ривалот.
Спортинг дома е речиси беспрекорен со само еден пораз од почетокот на сезоната, додека Фамаликао на гости влегува во серија на слаби резултати и дефанзивни проблеми. Со оглед на формата и амбицијата, сценариото води кон победа на домашната екипа со најмалку два гола во мрежата на гостите.


Тип: 0-2 гола

Коефициент: 1.45

Ниво на ризик: Низок ризик

Мини анализа: Големото дерби доаѓа во фаза кога секој бод има директно влијание врз топ 4 трката. Рома се потпира на најцврстата одбрана меѓу водечките екипи, додека нападот ѝ е најскромен — јасен показател за тактички пристап со минимален ризик.
Наполи има поголем офанзивен капацитет, но значењето на мечот практично гарантира попретпазлив старт и контролирано темпо. Историјата го потврдува тоа: четири од последните пет меѓусебни дуели завршиле со најмногу два гола. Сите параметри одат во насока на затворен и тактички натпревар.