FPL Контра Фаул – GW26

Следува 26. коло од Премиер Лигата, каде што за љубителите на Fantasy уште еднаш се отвара простор за размислување – кој играч да се купи, кој играч да се продаде, каде да оди капитенската лента и што е потребно за прецизно прилагодување на тимот. Сепак на крајот на денот, веќе сме во фаза каде што нема простор за големи импровизации, туку се бара точно испланирана стратегија.

FPL Контра Фаул — Преглед по категории (GW26)

Категорија Играч Тим Цена Форма Клучна логика
Купи Деклан Рајс Арсенал £7.5m 3.0 Двојно коло + задолжен за прекини
Задржи Бруно Гимараеш Њукасл £7.0m 3.5 Балансиран распоред погоден за континуирани поени
Продај Мики Ван де Вен Тотенхем £4.5m 2.0 Неконстантност + тим во лоша форма
Избегни Норди Мукиеле Сандрленд £4.6m 5.0 Без чисти мрежи + неповолен распоред

За овој потег не треба да си кој знае каков експерт за Fantasy. Едноставно Деклан Рајс е зицер за ова двојно коло на Арсенал каде што силите ќе ги одмерат против Брендфорд и Волвс. Рајс има централна улога во креацијата и задолжен е за прекините. Ова треба да е најлогичниот потег на секој кој што го нема во тимот.
Рајс има форма од 3.0 поени и неговата цена изнесува 7.5 милиони.

За оние играчи кои што се уште го имаат во тимот, трпението се исплатеше. По краткиот прекин и неиграњето поради повреда на два последователни натпревари, следеше моментален импакт против Брендфорд. Распоредот на Њукасл е балансиран и погоден за континуирани поени.
Бруно има форма од 3.5 поени и неговата цена изнесува 7.0 милиони.

Ван де Вен е профил на играч со висок ризик. Неконстантност во индивидуалниот учинок, тим во лоша форма и дополнително структурно отсуство на неговиот најсериозен партнер во одбраната, Ромеро и тоа на подолг период. На хартија нема лесни мечеви – во пракса уште помалку. Сето ова се јасни назнаки дека не може да се очекуваат поени од дефанзивецот на Тотенхем.
Ван де Вен има форма од 2.0 поени и неговата цена изнесува 4.5 милиони.

Иако неговите бројки изгледаат коректно, целосниот контекст е негативен. Сандрленд речиси редовно прима гол, што го убива потенцијалот за поени поради чиста мрежа. Офанзивната активност не компензира за дефанзивниот ризик, а распоредот дополнително не нуди олеснување на прашањето – дали да се купи овој играч.
Мукиеле има форма од 5.0 поени и неговата цена изнесува 4.6 милиони.

Најдобра опција: Габриел – двојно коло, релативно лесни противници, дефанзивен потенцијал за чисти мрежи, како и постојана закана од прекин, сето ова е аргумент плус зошто дефанзивецот на Арсенал се наметнува како најбезбедна и најреална опција.

Добра опција: Деклан Рајс – одлична алтернатива за оние што сакаат баланс помеѓу сигурност и офанзивен принос, особено со неговата централна улога во градењето на играта и учеството во сите потенцијално опасни ситуации. Двојно коло важи како одличен аргумент и за овој играч.

Ризична опција: Бруно Гимараеш – играч со сериозни бројки во последен период, учесник во многу голови на Њукасл, без разлика дали постигнувал голови или асистирал. Доколку одлуката падне на Бруно, мора да се има на ум дека повеќе се работи за стратешки, отколку безбеден избор.