FPL Контра Фаул – GW25

Во 25. коло од Премиер Лигата не очекува динамичен распоред со неколку клучни fantasy можности. Двојното коло на Арсенал и ротациите кај одредени тимови создаваат јасни приоритети за трансфери и избор за капитенската позиција.

FPL Контра Фаул — Преглед по категории (GW25)

Категорија Играч Тим Цена Форма Клучна логика
Купи Џуриен Тимбер Арсенал £6.3m 4.2 Двојно коло + потенцијал за clean sheet
Задржи Игор Тиаго Брентфорд £7.1m 5.2 Главен напаѓач + следи полесен распоред на долг рок
Продај Фил Фоден Манчестер Сити £8.3m 1.2 Ротации + пад на учинок
Избегни Доминик Собослаи Ливерпул £6.7m 5.2 Неконзистентни fantasy поени

На Арсенал му претстои двојно коло, што автоматски ги прави нивните играчи приоритет во оваа рунда. Тимбер е стабилен стартер со потенцијал за чисти мрежи и солиден офанзивен придонес, а цената му овозможува лесно вклопување во поголеми трансфери.
Тимбер има форма од 4.2 поени и неговата цена изнесува 6.3 милиони.

Иако три кола по ред нема гол или асистенција, неговата улога во нападот останува централна. По следните два тешки натпревари против Њукасл и Арсенал, следи поповолен распоред, а фактот дека е втор стрелец во лигата зад Халанд покажува дека формата лесно може да се врати.
Тиаго има форма од 5.2 поени и неговата цена изнесува 7.1 милиони

Ротациите повторно ги намалија минутите поминати на теренот, а продукцијата значително му опадна. Без директен учинок повеќе од еден месец, ризикот да се задржи Фил Фоден во тимот моментално е поголем од потенцијалниот fantasy-поврат.
Фоден има форма од 1.2 поени и неговата цена изнесува 8.3 милиони.

Собослаи е можеби и најдобриот играч на Ливерпул годинава или барем еден од ретките и логично е да се размислува за негово купување во тимот. Сепак, иако има одлично влијание во играта на Ливерпул, fantasy-конзистентноста му е слаба. Често е оптоварен со дефанзивни задачи и освен повремени блесоци ретко носи значителен број поени.
Собослаи има форма од 5.2 поени и неговата цена изнесува 6.7 милиони.

Во одлична форма и главен креатор во офанзивата на Манчестер Јунајтед.

Не е во врвна серија, но останува најголемата закана во лигата и секогаш блиску до експлозија на поени.