Фудбалска анализа со уреднички став. Структура. Контекст. Аргумент.

Мени
Почетна Анализи Ретро FPL Обложување За Контра Фаул Контакт

FPL Контра Фаул – GW5

Новото FPL коло носи неколку интересни можности за промени во тимот, но и ситуации во кои трпението може да биде подобар избор од брз трансфер. Формата останува важен показател, но распоредот, улогата на играчите и нивниот потенцијал во следните натпревари се подеднакво важни при носењето одлуки.

FPL Контра Фаул — Преглед по категории (GW5)

Категорија Играч Тим Цена Форма Клучна логика
Купи Јошко Гвардиол Манчестер Сити £8.2m 5.7 Одлична форма + офанзивен потенцијал
Задржи Жоао Педро Челзи £7.8m 8.2 Важна улога во тимот
Продај Флориан Вирц Ливерпул £7.4m 3.0 Лоша форма
Избегни Паскал Грос Брајтон £5.7m 8.2 Тежок следен меч

Гвардиол ја започна сезоната на најдобар можен начин и во моментов се наоѓа во фантастична форма. Со оглед на тоа што Мареска често го користи на бековската позиција, каде што неговите офанзивни карактеристики доаѓаат уште повеќе до израз, хрватскиот репрезентативец носи потенцијал за поени и на двете страни од теренот. Добрата форма на Сити дополнително ја зголемува неговата вредност, па во моментов Гвардиол изгледа како играч кој е неопходно да се има во тимот.
Гвардиол има форма од 8.2 поени и неговата цена изнесува 5.7 милиони.


Според последните информации, Педро е повреден и ќе го пропушти натпреварот против Брендфорд, но нема да настапи ниту за репрезентацијата, што ќе му остави доволно време за целосно закрепнување. Со оглед на неговата важна улога во нападот на Челзи, добрата форма и противниците кои следуваат, една пократка пауза не треба веднаш да биде причина за негова продажба. Доколку повредата навистина не е посериозна, трпението може да се исплати уште во следните кола.
Педро има форма од 8.2 поени и неговата цена изнесува 7.8 милиони.


Вирц доби доволно шанси од FPL играчите кои од почетокот на сезоната решија да му дадат место во својот тим, но засега не успеа да ја оправда довербата. Германецот забележа само една асистенција и се наоѓа во лоша форма, иако очекувањата од него пред почетокот на сезоната беа значително поголеми. Дополнителен проблем е неговата цена, бидејќи истиот буџет може да се искористи за играчи кои во моментов нудат далеку поголем потенцијал за FPL поени.
Вирц има форма од 3.0 поени и неговата цена изнесува 7.4 милиони.


Грос се наоѓа во феноменална форма и на четири натпревари забележа два гола и две асистенции, што е одличен учинок за играч од средниот ред на Брајтон. Според моменталните бројки лесно може да се најде причина за негово внесување во тимот, но следниот натпревар против Арсенал значително го намалува неговиот потенцијал. Затоа, наместо да се брза со трансфер само поради досегашната форма, можеби е подобро да се почека поповолен момент.
Грос има форма од 8.2 поени и неговата цена изнесува 5.7 милиони.


Без многу размислување, Халанд е најдобрата опција за капитен во ова коло. Неговата моментална форма, голгетерскиот потенцијал и домашниот натпревар против Сандерленд се доволни причини капитенската лента да му припадне на норвешкиот напаѓач.

Гибс-Вајт се наоѓа во одлична форма, а Нотингем силите ќе ги одмери со Ковентри, кој има сериозни проблеми на почетокот од сезоната. Со оглед на неговата улога во офанзивната игра на тимот и поволниот противник, Англичанецот може да биде одлична алтернатива доколку сакате да се тргнете од најочекуваниот избор.

Доколку сакате да ризикувате повеќе, Гвардиол може да биде полн погодок ова коло. Домашниот натпревар против Сандерленд носи потенцијал за чиста мрежа, а неговото офанзивно влијание отвора можност и за дополнителни поени. Сепак, бидејќи станува збор за дефанзивец, Гвардиол останува најризичната од трите капитенски опции.