Транспарентна евиденција
Реал Сосиедад – Леванте
Тип: 1 | Коефициент: 1.60 | Среден ризик
Сосиедад одигра неколку лоши натпревари на домашен терен, но по последната победа против Ла Коруња, дуелот со Леванте е добра можност да ја продолжи позитивната серија. Гостите имаат проблеми надвор од Валенсија и сезонава сè уште немаат победа на гостински терен. Двете екипи ги имаат речиси сите играчи на располагање, па предност му даваме на поквалитетниот тим.
Марсеј – Ле Авр
Тип: 1 | Коефициент: 1.60 | Среден ризик
Марсеј никако да воспостави победнички континуитет, но натпреварот против убедливо најслабата екипа во лигата треба да биде добра можност за победа на „Велодром“. Ле Авр е без триумф и има три порази по ред, а дополнителен проблем е големиот број повредени играчи. Од друга страна, со исклучок на Корнелиус, целиот состав му е на располагање на Генесио. Во вакви околности, понудениот коефициент за победа на домаќинот тешко може да се игнорира.
Манчестер Јунајтед – Бурнмаут
Тип: 1Х&2+ | Коефициент: 1.60 | Среден ризик
Јунајтед се наоѓа во катастрофална форма, а последната победа ја забележа пред околу месец и половина. Во меѓувреме одигра седум натпревари без триумф. Сепак, Бурнмаут настапи во Лигата на Европа пред само три дена, што може да претставува проблем за ограничениот играчки кадар. Веројатно е време Јунајтед да ја прекине лошата серија, но побезбедната варијанта е домаќинот да не загуби во натпревар со најмалку два гола.
Џеноа – Венеција
Тип: ГГ | Коефициент: 1.78 | Среден ризик
Двете екипи редовно примаат голови, но во последните неколку натпревари покажаа дека можат да бидат опасни и во нападот. Можеби се очекува тврд натпревар, но за двата тима ова е важна можност за победа во борбата за опстанок. Потребата од бодови треба да донесе поотворен пристап и шанси на двете страни.
