| Натпревар | Тип | Коефициент | Ризик |
|---|---|---|---|
| Волфсбург – Вердер Бремен | 1 | 2.40 | Висок |
| Евертон – Челзи | 2 | 2.20 | Висок |
| Бенфика – Гимараеш | 1&3+ | 1.65 | Среден |
| Ница – ПСЖ | 2&Т2 | 1.60 | Среден |
Волфсбург – Вердер Бремен
Тип: 1 | Коефициент: 2.40 | Ниво на ризик: Висок
И Волфсбург и Вердер се далеку од посакуваната форма и до крајот на сезоната ќе водат директна борба за опстанок. Станува збор за натпревар со огромна резултатска тежина, каде што секој бод има значење.
Волфсбург е во полоша позиција и дополнителен кикс би можел сериозно да ја искомплицира нивната ситуација. Домашниот терен и притисокот од табелата создаваат услови за максимално ангажиран настап од домаќините.
Евертон – Челзи
Тип: 2 | Коефициент: 2.20 | Ниво на ризик: Висок
Челзи има поквалитетен ростер и иако формата им варира, гостинските настапи во последниот период се на солидно ниво. Последниот неуспех надвор од „Стемфорд Бриџ“ беше пред повеќе од еден месец, што укажува на стабилизација на тимот.
Евертон, пак, има сериозни проблеми со резултатите пред својата публика. Освен победата против Барнли, кој е практично отпишан, последниот вистински успех на домашен терен датира од почетокот на декември. Контекстот на табелата и амбициите на гостите додаваат дополнителна тежина на овој дуел.
Бенфика – Гимараеш
Тип: 1&3+ | Коефициент: 1.65 | Ниво на ризик: Среден
Бенфика останува во трка за второто место и пласман во Лигата на шампионите, иако првата позиција е значително оддалечена. Во ваков контекст, домашните натпревари се задолжителни за освојување ако сакаат да останат конкурентни до самиот крај.
На свој терен Бенфика е исклучително стабилна и без пораз во првенството. Гимараеш има солидна сезона, но во последниот период бележи пад во формата на гостувањата, со серија порази и примени голови. Разликата во офанзивниот потенцијал е евидентна.
Ница – ПСЖ
Тип: 2&Т2 | Коефициент: 1.60 | Ниво на ризик: Среден
ПСЖ сезонава има сериозна конкуренција во борбата за титулата и не смее да си дозволи киксови во вакви натпревари. Разликата на табелата со Ленс дополнително го зголемува притисокот врз тимот да оди максимално на секој дуел.
Офанзивниот потенцијал на парижаните е константен и ретко кога остануваат без значаен учинок пред голот. Ница е во релативно мирна позиција и има солидна бодовна предност во однос на зоната за испаѓање, што може да влијае и на пристапот во ваков дуел.
