| Натпревар | Тип | Коефициент | Ризик |
|---|---|---|---|
| Галатасарај – Јувентус | 1Х | 1.70 | Среден |
| Бенфика – Реал Мадрид | 2-3 гола | 2.20 | Висок |
| Карабах – Њукасл | 2 | 1.45 | Низок |
| Клуб Бриж – Атлетико Мадрид | ГГ | 1.60 | Среден |
Галатасарај – Јувентус
Тип: 1Х
Коефициент: 1.70
Ниво на ризик: Среден ризик
Мини анализа: Јувентус на хартија е фаворит во двомечот, но гостување во Истанбул секогаш носи дополнителна тежина. Галатасарај традиционално игра со висок интензитет пред својата публика, каде што притисокот и атмосферата знаат да го променат текот на натпреварот.
Ако турскиот тим сака да има реални шанси за пласман понатаму, мора да избегне пораз дома и да изгради резултатска основа за реваншот. Затоа сценариото кое што вели дека Јувентус нема да победи во Турција изгледа најреално.
Бенфика – Реал Мадрид
Тип: 2-3 гола
Коефициент: 2.20
Ниво на ризик: Висок ризик
Мини анализа: Овие две екипи веќе приредија спектакуларен меч во групната фаза, а повторната средба во нокаут фазата најавува уште еден тактички интензивен дуел. Реал Мадрид има повеќе европско искуство и квалитет, но Бенфика дома секогаш игра храбро и офанзивно.
Наместо ризично типување на победник, пореално е да се таргетира бројот на голови — натпревар со динамика, но без резултатски екстреми, што најчесто се случува во првите елиминациски дуели.
Карабах – Њукасл
Тип: 2
Коефициент: 1.45
Ниво на ризик: Низок ризик
Мини анализа: Карабах веќе го оствари својот максимум со пласман во оваа фаза од натпреварувањето, што само по себе е голем успех за клубот. Сепак, квалитетниот јаз во однос на Њукасл е очигледен, особено кога се гледа ширината на ростерот и физичката доминација. Домашниот терен може да донесе отпор, поготово што во групната фаза тоа веќе го почувствуваа екипи како Копенхаген, Челзи и Франкфурт, но во елиминациски дуели ваквата разлика во класа најчесто излегува на површина. Затоа гостинската победа изгледа како најстабилната опција.
Клуб Бриж – Атлетико Мадрид
Тип: ГГ
Коефициент: 1.60
Ниво на ризик: Среден ризик
Мини анализа: И покрај различните фудбалски филозофии, и двете екипи сезонава играат натпревари со висок гол-просек. Одбраните не се целосно стабилни, а нападите редовно создаваат сериозни шанси.
Групната фаза го потврди тоа со голем број погодоци од двете страни, двете екипи имаа просек од четири погодоци по натпревар, а ваквиот профил на дуел во нокаут фаза најчесто носи отворен натпревар. Затоа сценариото со голови на двете страни има солидна логичка основа
