Транспарентна евиденција
Ковентри – Брајтон
Тип: Т1 1+
Коефициент: 1.35
Ниво на ризик: Низок ризик
Анализа: Ковентри ја започна својата авантура во Премиер лигата со три порази и заедно со Тотенхем е единствената екипа која сè уште нема постигнато гол. Сепак, во првите три кола двапати играше против екипи кои важат за едни од најголемите фаворити за титулата, па ваквиот почеток донекаде е и очекуван. Против Брајтон повторно нема да биде лесно, но домашниот терен и поддршката од навивачите се добра можност Ковентри конечно да покаже повеќе во нападот и да стигне до првиот погодок сезонава.
Наполи – Болоња
Тип: 1
Коефициент: 1.85
Ниво на ризик: Среден ризик
Анализа: На Алегри веќе сериозно му се ниша тренерското столче по трите последователни порази. Натпреварот против Болоња може да биде една од последните можности да покаже дека работите можат да се променат, а неубедливиот старт на гостите, кои освоија само еден бод во првите три кола, оди во прилог на Наполи. Пред своите навивачи, домаќините мора да покажат реакција и да докажат дека е прерано да бидат отпишани од борбата за висок пласман и местата кои водат во Европа.
Галатасарај – Кочаелиспор
Тип: 1&3+
Коефициент: 1.80
Ниво на ризик: Среден ризик
Анализа: Галатасарај и оваа сезона е главен фаворит за титулата во Турција, иако конкуренцијата е посилна. Токму затоа домашните натпревари против екипи од кои се очекува да бидат во втор план се оние на кои не смее да се дозволи губење бодови. Кочаелиспор изненадувачки добро го започна првенството и може да пружи сериозен отпор, па не би било изненадување да придонесе и за поефикасен натпревар. Сепак, искуството и индивидуалниот квалитет на Галатасарај на крајот би требало да ја направат разликата.
Лече – Монца
Тип: Х пол.
Коефициент: 2.05
Ниво на ризик: Висок ризик
Анализа: На „Виа дел Маре“ ќе се соочат две прилично изедначени екипи кои веројатно до самиот финиш на сезоната ќе водат тешка борба за опстанок. Токму затоа влогот во ваквите меѓусебни натпревари е огромен, па може да очекуваме претпазлив почеток, цврста игра и мал број чисти шанси. Ниту една екипа нема да сака рано да се отвори и да му остави простор на противникот, поради што нерешен резултат на полувреме изгледа како логичен избор за овој дуел.
