| Натпревар | Тип | Коефициент | Ризик |
|---|---|---|---|
| Ливерпул – Фулам | 1 | 1.70 | Среден |
| Рен – Анже | 1&Т1 | 1.60 | Среден |
| Аталанта – Јувентус | ГГ | 1.65 | Среден |
| Волфсбург – Ајнтрахт Франкфурт | 1 | 2.65 | Висок |
Ливерпул – Фулам
Тип: 1 | Коефициент: 1.70 | Ниво на ризик: Среден
Ливерпул е во фаза од сезоната каде што секој натпревар има двојна тежина — и за позицијата во лигата и за психолошката подготовка пред европските обврски. Реваншот против ПСЖ дополнително го зголемува значењето на позитивен резултат на „Енфилд“.
И покрај тоа што формата не е на нивото од претходните сезони, домашниот терен и квалитетот на ростерот остануваат клучни фактори. Фулам е конкурент во борбата за горниот дел од табелата, што дополнително го прави овој дуел важен и од аспект на директна конкуренција.
Рен – Анже
Тип: 1 & Т1 | Коефициент: 1.60 | Ниво на ризик: Среден
Борбата за европските позиции во Франција е исклучително изедначена, со неколку екипи во мала бодовна разлика. Рен се наоѓа во таа група и секој натпревар до крајот на сезоната има значење во таа трка.
Домашниот терен е нивниот најсилен адут, а континуитетот во резултатите ќе биде клучен фактор. Анже, пак, е во релативно мирна зона на табелата и без сериозен притисок, што може да влијае на пристапот во вакви натпревари.
Аталанта – Јувентус
Тип: ГГ | Коефициент: 1.65 | Ниво на ризик: Среден
Дуел со директно влијание врз борбата за позициите што водат во Лигата на шампионите. Јувентус влегува во натпреварот со стабилна форма и серија без пораз, што им дава дополнителна сигурност во клучен дел од сезоната.
Аталанта, по елиминацијата од Европа, го насочи фокусот кон домашните цели и постепено ја стабилизира формата. Во Бергамо традиционално се игра со висок ритам, а значењето на бодовите дополнително го крева интензитетот на ваквите дуели.
Волфсбург – Ајнтрахт Франкфурт
Тип: 1 | Коефициент: 2.65 | Ниво на ризик: Висок
Со 18 бода во игра до крајот на сезоната, Волфсбург влегува во фаза каде што секој натпревар има карактер на финале. Борбата за опстанок не остава простор за калкулации, особено на домашен терен.
Франкфурт е во поопуштена позиција на табелата и без реална можност за значаен напредок. И покрај проблемите со форма и отсуства кај домаќините, контекстот и потребата од бодови го прават овој дуел критичен за нив. Со оглед на висината на квотата, како алтернативна и посигурна опција е 1Х&2+.
