Контра Фаул предлози за обложување (08.03.2026)

Аналитички предлози за обложување на Контра Фаул за 08.03.2026. Типови базирани на форма, структура на играта и вредност во коефициентите.

Натпревар Тип Коефициент Ризик
Фенербахче – Самсунспор 1&Т1 1.75 Среден
Лион – Парис 1 1.73 Среден
Брест – Ле Авр 1Х&2+ 1.67 Среден
Унион Берлин – Вердер Бремен 1Х&2+ 1.91 Висок

Тип: 1&Т1 | Коефициент: 1.75 | Ниво на ризик: Среден

Фенербахче нема простор за кикс на овој натпревар, особено откако Галатасарај се одлепи на седум бодови по победата во дербито. Во ваква ситуација, секој натпревар станува задолжителен за освојување ако сакаат да останат во трката за титулата.
На домашен терен Фенербахче игра агресивно и често решава натпревари со повеќе постигнати голови. Самсунспор, пак, е релативно мирен во средината на табелата без сериозен резултатски притисок и веројатно со мислите на мечот што го игра во четврток во Лигата на Конференции. Во таков контекст, победа на домаќинот со најмалку два гола изгледа како најлогично сценарио.


Тип: 1 | Коефициент: 1.73 | Ниво на ризик: Среден

Лион сезонава игра извонредно на домашен терен и токму таа конзистентност е основата на нивната борба за директен пласман во Лигата на шампионите. Главниот конкурент во таа трка е Марсеј, па ваквите натпревари против екипи од долниот дел на табелата се задолжителни за победа.
Парис влезе во сезоната со големи амбиции, но адаптацијата во лигата се покажа како сложен процес. Иако имаат солидна бодовна дистанца од зоната за испаѓање, против екипи од самиот врв тешко наоѓаат решение. Домашниот фактор и моментумот му даваат предност на Лион.


Тип: 1Х&2+ | Коефициент: 1.67 | Ниво на ризик: Среден

Брест веќе неколку сезони е стабилен тим во средниот дел од табелата и редовно собира бодови на домашен терен. Во последниот период токму домашните натпревари се нивната најсилна страна, со пет победи на последните шест меча.
Ле Авр е релативно мирен во средината на табелата и без сериозен притисок од зоната за испаѓање, но формата на гостувањата е проблематична. Последната победа на гости ја забележаа пред повеќе од пет месеци, а често се задоволуваат со нерешени резултати. Во вакви околности, домаќините имаат предност да избегнат пораз, а стилот на игра сугерира натпревар со барем два гола.


Тип: 1Х&2+ | Коефициент: 1.91 | Ниво на ризик: Висок

И Унион Берлин и Вердер Бремен имаат сезона под очекувањата. Домаќините имаат мала бодовна предност, додека Вердер се наоѓа на позиција што води во плеј-аут за опстанок, што дополнително го зголемува притисокот пред овој дуел.
За Унион, пораз на домашен терен би можел дополнително да ја искомплицира ситуацијата на табелата. Вердер, пак, нема простор за калкулации и мора да бара бодови. Таквиот контекст често носи отворен натпревар со шанси на двете страни и минимум два гола.