Контра Фаул предлози за обложување (08.02.2026)

Аналитички предлози за обложување на Контра Фаул за 08.02.2026. Типови базирани на форма, структура на играта и вредност во коефициентите.

Натпревар Тип Коефициент Ризик
Ливерпул – Манчестер Сити 3+ 1.55 Низок
ПСЖ – Марсеј 1&Т1 1.65 Среден
Јувентус – Лацио 1 1.45 Низок
Валенсија – Реал Мадрид ГГ&3+ 2.05 Висок

Тип: 3+

Коефициент: 1.55

Ниво на ризик: Низок ризик

Мини анализа: Дербито на колото во Премиер Лигата се игра на Енфилд каде што Ливерпул се бори за местата кои што водат во Лига на Шампиони, а Сити се бори да остане во трка за титулата со Арсенал. Иако во последно време на нивните меѓусебни натпревари не паѓале многу голови, сепак со оглед на моменталните околности очекуван е отворен фудбал затоа што нерешен резултат не и одговар ниту на една од екипите. И едната и другата екипа на последните пет наптрвари постигнува барем по еден гол, па се очекува слична ситуација и денес.


Тип: 1&Т1

Коефициент: 1.65

Ниво на ризик: Среден ризик

Мини анализа: Едно од најинтересните дерби натпревари во Франција е токму натпреварот помеѓу ПСЖ и Марсеј или попознато како „Le Classique”. Овој натпревар има огромна историја, играчите имаат поголема мотивација затоа што позитивен резултат може да влијае психолошки во најважниот дел од сезоната. ПСЖ е голем фаворит на овој меч, пред се затоа што на домашен терен не знаат за неуспех оваа сезона во лигата. Од друга страна Марсеј ги изгуби сите гостински натпревари против екипите од горниот дел на табелата, па од таа причина тешко е да се очекува нешто поразлично против најсилната екипа. На прсти на една рака се бројат победите на Париз со 1:0, па затоа на кецот е додаден и Т12+.


Тип: 1

Коефициент: 1.45

Ниво на ризик: Низок ризик

Мини анализа: Екипата на Јувентус се уште се надева дека може да се приклучи во бобрата за титула иако во моментов заостануваат огромни 10 бода од првото место. Но, причината зошто се меѓу првите четири екипи на табелата се домашните наптревари, каде што не знаат за пораз од почеток на сезоната. Од друга страна, Лацио одамна нема одиграно полоша сезона и треба да бидат среќни што се наоѓаат на 8-та позиција на табелата. Тензија, внатршени конфликти, расправии со судии, сето тоа се причини зошто Лацио е во криза. Денешниот натпревар треба да е зицер и победата на Јувентус не треба да се доведе во прашање.


Тип: ГГ&3+

Коефициент: 2.05

Ниво на ризик: Висок ризик

Мини анализа: Борба за опстанок против борба за титула, вака најлесно може да се опише ситуацијата на двете екипи. Валенсија по една добра мини серија на резултати забележа два порази по ред со идентичен резултат од 2:1 и повторно се најде во незавидна ситуација на табелата, само едно место над опасната зона. Од друга страна Реал Мадрид по промената на Алонсо, пробува да го најде вистински пат. Испаднаа од купот, во Лигата на Шампионите не се најсјани, па така за очекување е да останат во борба за првото место со Барселона до крајот на сезоната. И едната и другата екипа играат отворен фудбал со многу голови, па истото е за очекување да се случи и на денешниот меч.