Транспарентна евиденција
Лион – Анже
Тип: 3+ | Коефициент: 1.64 | Среден ризик
Лион денес го пречекува Анже и е апсолутен фаворит, особено ако се земат предвид неговите настапи на домашен терен. Од друга страна, Анже оваа сезона се обидува да игра поофанзивен фудбал, што веројатно е и единствениот начин да дојде до бодовите потребни во борбата за опстанок. Офанзивниот пристап и ефикасноста на двете екипи се главните причини поради кои очекуваме натпревар со најмалку три гола.
Унион Берлин – Келн
Тип: ГГ | Коефициент: 1.60 | Среден ризик
Според почетокот на сезоната, и Унион Берлин и Келн ги очекува тешка борба за опстанок. Токму директните дуели против екипи со слични амбиции можат да бидат клучни во таа борба, па бодовите од овој натпревар имаат дополнителна тежина. Двете екипи играат натпревари со речиси три гола во просек, што е уште еден аргумент да очекуваме погодоци на двете страни.
Фросиноне – Торино
Тип: Т2 2+ | Коефициент: 2.05 | Висок ризик
Фросиноне е едно од најголемите изненадувања во досегашниот дел од сезоната. Со освоени 17 од можни 27 бода и со голем број ефикасни натпревари, домашната екипа со право влегува со голема самодоверба во овој дуел. Сепак, и Торино сезонава покажа дека може да биде опасен во нападот. Отворениот фудбал на Фросиноне треба да му остави повеќе простор на противникот, а прашањето е дали Торино ќе успее да го искористи. Токму затоа два гола на гостите се поризичен, но интересен избор.
Атлетик Билбао – Реал Сосиедад
Тип: ГГ | Коефициент: 1.65 | Среден ризик
Анализа: Баскиското дерби секогаш носи дополнителна тензија, интензитет и огромна важност за двете екипи. Овојпат и Атлетик Билбао и Реал Сосиедад го дочекуваат дербито високо на табелата, па победата би била дополнителен импулс за продолжението од сезоната. Иако почетокот може да биде повнимателен поради значењето на натпреварот, очекуваме во одреден момент играта да се отвори и да видиме шанси пред двата гола.
