Фудбалска анализа со уреднички став. Структура. Контекст. Аргумент.

Мени
Почетна Анализи Ретро FPL Обложување За Контра Фаул Контакт

Контра Фаул предлози за обложување (26.08.2026)

Аналитички предлози за обложување на Контра Фаул за 26.08.2026. Типови базирани на форма, структура на играта и вредност во коефициентите.

Транспарентна евиденција

НатпреварТипКоефициентСтатус
Рапид – Хартс 1 1.61 Промашен
Лион – Фенербахче 1Х & 2+ 1.60 Промашен
Викинг – Динамо Загреб ГГ 1.50 Погоден
АЕК – Левски Софија Т1 2+ 1.73 Погоден
Влог100 ден. Вкупен коефициент6.68 Добивка0 ден. Вкупно салдо+836 ден.

Рапид – Хартс

Тип: 1
Коефициент: 1.61
Ниво на ризик: Среден ризик

Рапид и Хартс го играат реваншот од плејофот за пласман во Конференциската лига. Првиот натпревар во Шкотска заврши 2:2, резултат што ја префрла предноста на страната на австрискиот претставник пред реваншот на домашен терен.
Рапид располага со поквалитетен состав, чија вредност е речиси трипати поголема од онаа на Хартс. Домашниот терен, индивидуалниот квалитет и можноста пред своите навивачи да обезбеди пласман го прават фаворит за победа.


Лион – Фенербахче

Тип: 1Х & 2+
Коефициент: 1.60
Ниво на ризик: Среден ризик

Ова е можеби најзвучниот двомеч во завршната фаза од плејофот за Лигата на шампионите. Првиот натпревар во Турција заврши нерешено, па борбата за пласман останува целосно отворена
Фенербахче добро се засили во текот на летото, но има проблеми со неколку повредени играчи. Лион, од друга страна, го има домашниот терен, поволниот резултат од гостувањето и речиси комплетен состав. Очекуваме Французите да не загубат, а натпреварот да донесе најмалку два гола.


Викинг – Динамо Загреб

Тип: ГГ
Коефициент: 1.50
Ниво на ризик: Низок ризик

На првиот натпревар во Загреб паднаа четири гола, со по два погодоци на двете страни. Станува збор за екипи со изразен офанзивен стил, кои најдобро се чувствуваат кога играат отворено и напаѓачки.
Иако влогот во реваншот е голем и може да донесе поголема претпазливост, начинот на кој играат двете екипи тешко може да се промени преку ноќ. Очекуваме шанси и голови на двете страни.


АЕК – Левски Софија

Тип: Т1 2+
Коефициент: 1.73
Ниво на ризик: Среден ризик

АЕК е значително поквалитетна екипа од Левски, поради што резултатот 0:0 од првиот натпревар во Софија повеќе изгледа како лош ден на грчкиот претставник отколку како реална слика за односот на силите.
Со комплетен состав, фаворитска улога и домашна публика која традиционално претставува 12-ти играч, очекуваме АЕК офанзивно да тргне уште од првиот свиреж на Турпан и да постигне најмалку два гола.