| Натпревар | Тип | Коефициент | Ризик |
|---|---|---|---|
| Атлетико Мадрид – Еспањол | 1 | 1.57 | Низок |
| Каљари – Лацио | 1Х | 1.60 | Среден |
| Манчестер Сити – Њукасл | ГГ&3+ | 1.85 | Висок |
| Мидлзборо – Оксфорд Јунајтед | 1 | 1.40 | Низок |
Атлетико Мадрид – Еспањол
Тип: 1
Коефициент: 1.57
Ниво на ризик: Низок ризик
Мини анализа: Атлетико во првенството минува низ променлив период, со серија натпревари без победа, иако куп-настапите покажаа сосема друго лице на тимот. Убедливите победи против Бетис и Барселона се јасен сигнал дека квалитетот и офанзивниот потенцијал се тука.
Еспањол пријатно изненади сезонава со пласман во горниот дел од табелата, но моменталната форма е сериозно загрижувачка – седум меча без победа и низа порази. Во ваков контекст, ова изгледа како идеален момент Атлетико да се врати на победнички пат и во Ла Лига.
Каљари – Лацио
Тип: 1Х
Коефициент: 1.60
Ниво на ризик: Среден ризик
Мини анализа: И Каљари и Лацио сезонава се движат во резултатски бранови – серија добри натпревари, па пад во форма, без јасна конзистентност. Табеларно се заковани во средината, далеку и од Европа и од зоната за испаѓање.
Со оглед на тоа што нема изразен фаворит и дека Каљари традиционално игра поцврсто дома, логиката оди кон опцијата домаќините да избегнат пораз. Натпревар кој мириса на тесен резултат и голема борба, а оние похрабрите може да пробаат и чист Х со квота 3.10.
Манчестер Сити – Њукасл
Тип: ГГ&3+
Коефициент: 1.85
Ниво на ризик: Висок ризик
Мини анализа: Сити е во серија без пораз и во фаза кога агресивно го брка врвот на табелата, со натпревари богати со голови и висок офанзивен интензитет. Во последниот период нивните дуели редовно носат три или повеќе погодоци.
Њукасл, иако со послаба сезона од очекуваното, игра отворен фудбал со многу шанси на двете страни. Статистиката јасно покажува висок гол-просек на нивните мечеви, што го прави ова идеален кандидат за натпревар со голови од двата табора и динамичен резултат.
Мидлзборо – Оксфорд Јунајтед
Тип: 1
Коефициент: 1.40
Ниво на ризик: Низок ризик
Мини анализа: Разликата во квалитет и амбиции е очигледна. Мидлзборо е во сериозна трка за промоција и редовно доминира против екипи од долниот дел на табелата, додека Оксфорд се бори за опстанок со слаба форма и лоши резултати.
По поразот во дербито со Ковентри, ова е совршена можност за домаќините веднаш да се вратат на победнички пат. Дополнителен аргумент е и историјата – Оксфорд речиси четири децении нема победа над Мидлзборо, па и ова делува дека не е натпревар каде што им се даваат големи шанси да го променат тоа.
