| Натпревар | Тип | Коефициент | Ризик |
|---|---|---|---|
| Твенте – Феенорд | 3+ | 1.60 | Среден |
| Хамбург – Лајпциг | ГГ&3+ | 1.85 | Среден |
| Метц – Брест | 2 | 2.30 | Висок |
| Торино – Лацио | ГГ | 2.00 | Висок |
Твенте – Феенорд
Тип: 3+
Коефициент: 1.60
Ниво на ризик: Среден ризик
Мини анализа: Дерби од врвот на табелата во Холандија, каде што и двете екипи играат офанзивен и директен фудбал. Твенте се бори за што подобар европски пласман и на домашен терен настапува со најсилниот состав.
Феенорд е стабилизиран на втората позиција, а нивните натпревари сезонава носат висок гол-просек – речиси четири гола по меч. И покрај подолгата листа на повредени играчи, најголемиот дел од тие отсуства се хронични и тимот е веќе навикнат да функционира без нив. Профилот на дуелот јасно води кон три или повеќе погодоци.
Хамбург – Лајпциг
Тип: ГГ&3+
Коефициент: 1.85
Ниво на ризик: Среден ризик
Мини анализа: Лајпциг има осцилации во резултатите, но амбицијата за место во Лигата на шампионите останува жива. Во последниот период нивните натпревари носат висок интензитет и многу голови – постигнати и примени.
Хамбург е релативно мирен во средината на табелата, но игра отворено и без дефанзивна калкулација. Комбинацијата од нападно ориентирани тимови и статистички висок гол-просек сугерира дуел со голови на двете страни и минимум три вкупно.
Метц – Брест
Тип: 2
Коефициент: 2.30
Ниво на ризик: Висок ризик
Мини аналзиа: Метц е закован на дното со серија од речиси четири месеци без победа и десет порази во тој период. Формата и самодовербата се на минимум, а бодовната дистанца станува сѐ потешка за надминување.
Брест нема блескава серија, но во споредба со домаќинот делува структурно постабилно. Со оглед на тоа што опстанокот речиси им е осигуран, победа на ваков меч значи мирен финиш на сезоната. Разликата во форма и стабилност дава вредност на гостинската победа.
Торино – Лацио
Тип: ГГ
Коефициент: 2.00
Ниво на ризик: Висок ризик
Мини анализа: Торино е во сериозна борба за опстанок и секој натпревар до крајот има карактер на финале. Иако резултатите не се на нивна страна, тимот редовно создава, но и дозволува креирање на шанси, што ги прави нивните дуели динамични.
Лацио е резултатски мирен, но сезонава често игра натпревари со непредвидлива динамика. Ако Торино тргне агресивно по бодови, ќе отвори простор и за гостинскиот напад. Во ваков контекст, сценариото со голови на двете страни има солидна логичка основа.
